Витаминка донираше производи во Србија и БиХ

27

vitaminka

Прехранбената компанија Витаминка од Прилеп донира производи за лицата загрозени од поплавите што ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина.

“Гледајќи ги штетите што поплавите им ги предизвикаа на граѓаните на Србија и Босна и Херцеговина, за нас е тешко да останеме рамнодушни и да не помогнеме онаму каде што е потребно.  Изминатиот викенд, производи на Витаминка во вредност од 10.000 евра беа предадени во Министерството за внатрешни работи на Србија, а од таму распределени до загрозените подрачја во регионот. Во тек е и дополнителна испорака на наши производи во вредност од 10.000 евра во Босна и Херцеговина. Витаминка покрај тоа што помогна со донација на свои производи, нашите вработени индивидуално помогнаа, што не прави нас уште погорди. Искрено се надеваме дека овој потег на Витаминка и нејзините вработени пред се ќе придонесе за помош на населението во Србија и Босна и Херцеговина, а потоа ќе поттикне активирање и на останатите компании и граѓани да помогнат“, изјавија од Витаминка.