Витаминка од јануари до септември работеше со 37,5 милиони денари добивка

63

vitaminka-prilep

Од први јануари до 30-ти септември оваа година, прехранбената компанија Витаминка од Прилеп, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 37.751.000 денари, покажува во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка во висина од 88.649.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година имаа вредност од 1.227.117.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 686.201.000 денари, додека продажбата на пазари во странство достигна вредност од 540.916.000 денари.

Во производството на Витаминка вклучува: производи за ужина, чоколадни производи, слатки, бонбони, пудинзи, сладоледи во прав, шлаг крем, пастеризирани производи, кечап и мајонез, супи и сосови и други додатоци за храна, како и инстант производи, сирупи и филтер чаеви.