Витаминка прокнижи добивка од 43 милиони денари во првото полугодие

35

vitaminka prilep

Компанијата Витаминка од Прилеп прикажа добивка од 43.000.000 денари, покажува полугодишниот неревидиран консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од минатата година, компанијата оствари добивка во висина од 41.937.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци се на ниво од 794.035.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 411.740.000 денари, додека остатокот од 382.295.000 денари е реализиран на странски пазари.