Витаминка со добивка од 18,2 милиони го заврши првото тримесечје

68

vitaminka

Акционерското друштво Витаминка од Прилеп оствари добивка од 18.208.000 денари во првото тримесечје од оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од минатата година, Витаминка заврши со позитивен финансиски резултат од 21.656.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во период од 01.01. до 31.03.2015 година се на ниво од 378.634.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 218.549.000 денари, додека остатокот од 160.085.000 денари се реализирани на странски пазари.