Витаминка со поддршка за маалскиот фудбал

30

На неколку локации во спортските центри во Скопје, девојките од тимот на Стоби Флипс им го прекинаа натпреварот на маалските играчи во мал фудбал, но со добра причина. Тие се погрижија маалските тимови во овој спорт да добијат Стоби Флипс фудбалски топки, навивачки маички, како и неколку пакети со производи.

Преку ваквите активности, Витаминка сака да го поттикне спортскиот дух и да ги поддржи рекреативните тимови во мал фудбал, со симболични подароци со кои ќе можат да тренираат и да си ги одмеруваат силите, а по завршувањето на натпреварот да ја вратат енергијата со производи од палетата производи на компанијата.

Оваа акција предизвика големо внимание и кај сите присутни навивачи и останатите тимови во маалски фудбал, па домаќините од Витаминка планираат да организираат вакви акции и во иднина.