Витаминка за девет месеци прикажа добивка од 9,6 милиони денари

34

Прехранбената компанија Витаминка од Прилеп, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 9.628.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 46.422.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, се позиционираа на 1.717.538.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 1.025.202.000 денари, додека на странски пазари продажбата достигна 692.336.000 денари.

Во производството на Витаминка има: производи за ужина, чоколадни производи, слатки, бонбони, пудинзи, сладоледи во прав, супи и сосови, како и други додатоци за исхрана.

Фото: Pexels