Вива соковите на саем во Амстердам

58

viva

Компанијата Вивакс, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, на 19 и 20 мај, во Амстердам, Холандија, го претстави својот асортиман на производи на еден од најголемите светски саеми PLMA World of Private Label.

Триесет години овој саем ги поврзува трговците со производителите на приватни марки при пронаоѓање на нови производи, нови контакти и откривање на нови идеи. Квалитетот и атрактивниот дизајн на производите на Вива го привлекоа вниманието на голем број од посетителите, додека интерес за потенцијална соработка покажаа претставници од најразлични бизниси од производно – услужниот сектор за прехрана.

„Изложување на саеми од светски ранг е од големо значење за нашата компанија бидејќи на овој начин обезбедуваме пат до европските и светските пазари. За нас, учеството на саемот беше потврда дека со постојаното вложување во квалитетот на производите и создавањето понуда креирана за потребите на потрошувачите, сме сè поблиску до светскиот пазар. Истовремено, со претставување на саеми од овој тип ни се отвора можност за соработка и пласман на македонски производи на глобални пазари. По дводневно претставување, нашите производи веднаш станаа препознатливи за учесниците на саемот“, изјави Тања Атанасова, маркетинг менаџер на Вивакс.

Вивакс како компанија која секогаш се стреми кон раст и во иднина ќе го претставува својот асортиман на производи на реномирани интернационални саеми, со цел остварување на нови бизнис врски и освојување на глобални пазари.