Виз Ер Скопски маратон организира саем – Маратон Експо

29

1497462_615248875226278_6482823182132081125_n

Виз Ер Скопски маратон кој ќе се одржи на 10 мај, е под покровителство на Град Скопје, Европската унија и Агенцијата за млади и спорт. Оваа година главниот спознор Виз Ер, доделува бесплатен ваучер на сите учесници на маратонот во износ од 20 евра кој може да се искористи преку wizzair.com.

За подобра промоција и информираност за маратонот, Виз Ер Скопје маратон Експо е саемот кој за прв пат оваа година ќе се одржи од седми до деветти мај, три дена пред Виз Ер Скопски маратон. Ваков вид на саем традиционално се одржува во секоја светска метропола каде што се трча маратонот.

Претпоследниот, односно втор рок за пријавување и плаќање за Виз Ер Скопски маратон е до 10-ти април. Цените за пријавување кои важат до 10-ти април се: 300 денари за трката на пет километри, 850 денари за маратонската и полумаратонската трка, 3.000 денари за екипа на учество на штафетниот маратон. После овој датум цените се зголемуваат, а поради пополнување на предвидениот број на учесници пријавувањето може да биде и затворено пред последниот предвиден рок за тоа, четврти мај. Пријавувањето се врши преку веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.

Виз Ер Скопје маратон експо, саемот по повод Виз Ер Скопски маратон е со тенденција да стане традиција.

Оваа година подигнувањето на стартните пакети за учесниците во сите трки на Виз Ер Скопски маратон ќе биде на Виз Ер Скопје маратон Експо. Во периодот на одржување на саемот, влезот на Маратон Експо ќе биде бесплатен.