Визир на Louis Vuitton за “само“ 961 долар

66

Луксузниот моден бренд, Louis Vuitton ќе почне со продажба на луксузни визири со препознатливиот LV монограм и злато, пренесува Forbes.

Овој визир, како што се наведува, е дел од новата колекција Cruise 2021. Визирот, освен како заштита во услови на пандемија, ќе може да се користи и како капа, а благодарение на материјалот, ќе може да се ја менува бојата, прилагодувајќи се на светлината.

Се очекува визирот да биде достапен од крајот на следниот месец по цена од 961 долар.

Здравствените власти не препорачуваат замена на заштитната маска само со визир, бидејќи не е познато колку тие може да понудат заштита против вирусот.

Фото: Pexels