Вкупна потрошувачка на енергенти во ноември

41

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2014 година, во Република Македонија,
вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 708.535 МWh електрична енергија, 23.428 мил. nm3 природен гас, 502.542 тони јаглен и 79.437 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 78,2% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,7% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.