Вкупна потрошувачка по енергенти во јули

19

sijalica-kabel-pixabay

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2017 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 547.640 МWh електрична енергија, 20.319 мил. нм3 природен гас, 385 154 тони јаглен и 97.991 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 76,9% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,9% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.