Вкупна потрошувачка по енергенти во мај

11

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 590.609 МWh електрична енергија, 3.088 мил. nm3 природен гас, 436.763 тони јаглен и 75.563 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 70% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,9% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.