Вкупна потрошувачка по енергенти во март

16

Вкупната потрошувачка во март оваа година, во Македонија, по видови енергенти изнесува: 798.215 МWh електрична енергија, 14.327 мил. nm3 природен гас, 620.827 тони јаглен и 69.860 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 72,7% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,3% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.