Вкупна потрошувачка по енергенти во октомври

11

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во октомври оваа година, изнесува: 642.279 МWh електрична енергија, 9.629 мил. nm3 природен гас, 433.055 тони јаглен и 90.171 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 62,1% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,9% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.