Вкупна потрошувачка по видови енергенти во ноември

30

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во ноември минатата година, изнесува: 682.684 МWh електрична енергија, 15.332 мил. нм3 природен гас, 481.014 тони јаглен и 88.206 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 66,2% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.