Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство пониска за над 53%

23

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во период од јануари до септември оваа година, изнесува 3.286.333.000 денари, што е за 53,3% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.914.606.000 денари што е за 102,6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Косово, Албанија, Италија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.

Како нови пазари се јавуваат Полска, Словенија и Грција.