Вкупните девизни резерви на ниво од 2,2 милијарди евра на крајот на декември

28

evra packa

Вкупните девизни резерви на крајот на декември 2015 година достигнаа 2.261.700.000  евра, што е зголемување од 58,3 милиони евра во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Државното монетарно злато на 31.12.2015 имаше вредност од 212.800.000 евра, додека еден месец претходно тоа беше на ниво од 218.400.000 евра, што е намалување од 5,6 милиони евра. Монетарното злато на 31.12.2014 година изнесуваше 215.600.000 евра.

Салдото на валутите и депозитите на крајот на декември беше 285.300.000 евра или 56,7 милиони евра помалку во однос на ноември 2015 година. Истиот период лани, валутите и депозитите во вкупните девизни резерви зафати вредност од 272.800.000 евра.

На крајот на декември вкупните хартии од вредност беа на ниво од 1.758.900.000 евра или 120,8 милиони евра помалку во однос на месец ноември кога имаа вредност од 1.638.100.000 евра. На крајот на 2014 година, на салдото на хартиите од вредност имаше 1.943.700.000 евра.