Вкупните девизни резерви намалени за 10,5 милиони евра во април

11

Вкупните девизни резерви на крајот на април се на ниво од 2.344.300.000 евра, што во споредба со претходниот месец значи намалување 10.500.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Во истиот период лани, салдото на вкупните девизни резерви беше на ниво од 1.899.200.000 евра.

Кај монетарното злато има зголемување од 1,6 милиони евра, бидејќи на крајот на април оваа позиција “вредеше“ 239.200.000 евра, додека еден месец претходно 237.600.000 евра. Во април 2014 година, Македонија располагаше со 203.900.000 евра монетарно злато.

Валутите и депозитите во април оваа година се на ниво од 238.000.000 евра, додека во март истата година беа пониски на 33.300.000 евра, односно на оваа сметка состојбата беше 271.300.000 евра.

Хартиите од вредност бележат пораст од 21.100.000 евра, откако на крајот на април достигнаа вредност од 1.862.000.000 евра, додека еден месец претходно беа на ниво од 1.840.900.000 евра. Во истиот период лани, хартиите од вредност беа во висина од 1.520.300.000 евра.

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.

Девизните резерви, како средства со кои располагаат и се контролирани од страна на монетарните власти, се состојат од: монетарно злато, специјални права на влечење, резервна позиција кај ММФ и девизи.