Вкупно 1.275 бесправно изградени објекти во 2013

15

Во Македонија во текот на минатата година се регистрирани 1.275 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 247 објекти за домување или 19,4%, 174 доградби, надградби и адаптации, односно 13,6%, 108 деловни објекти т.е. 8,5%, 100 гаражи односно 7,8%, 201 огради што е 15,8%, 13 скалила односно 1%, 58 тераси односно 4,5%, 11 летни тераси или 0,9%, 105 настрешници или 8,2%, 126 времени објекти односно 9,9% и 132 помошни објекти односно 10,4%.

Најголем број бесправно изградени објекти односно 98,3% се во приватна сопственост.