Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, стапката на
слободните работни места изнесува 1,58%.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Транспорт и складирање и изнесува 3,31%,
додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде
што изнесува 0,07%.
Деловните субјкети со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која
изнесува 2,28%.
Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,21%.
Најголем број на слободни работни места, односно 1.871, има во петтата група на занимања – Работници во
услужни дејности и продажба.