Вкупно 427 милиони денари отпишани долгови

43

Вкупно 427 милиони денари или над седум милиони евра е износот на досега еднократно отпишаните долгови. Реализирани се 4.670 барања од кои преку 90% на лица приматели на социјална помош, пишува Миа.

Најголем дел од долговите се сметки за струја, радиодифузија, греење и долгови кон банки.

“Досегашната реализација на проектот се одвива задоволително, постигнат е добар прогрес, сите барања што се стигнати до Комисијата се обработени со исклучок на 2.700 кои беа некомплетни и за кои е побарано од апликантите да ги докомплетираат“, рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Досега за отпис на долгови се поднесени вкупно 41.765 барања, а за нивно решавање се формирани три комисии и посебна техничка служба од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Најголем број на донесени одлуки, 895, и износ на отпишан долг, 155,7 милиони денари, се од Скопје.