Вкупно 6.503 слободни работни места во првото тримесечје

13

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од оваа година изнесува 1,49% или вкупно 6.503, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка од 2,59% има во секторот градежништво, додека најниска е во дејности поврзани со недвижен имот каде што изнесува 0,18%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,71%.

Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3,05%.

Најголем број на слободни работни места, односно 1.646, има во групата на занимања – Ракувачи и и составувачи на машини и постројки.