Вкупно 9.600 градежни работници треба да се обучат за енергетска ефикасност

21

Во градежниот сектор треба да се обучат 9.600 работници за енергетска ефикасност, информираат од Стопанската комора на Македонија која ја стартува втората фаза од проектот Build up skills.

Најголем интерес компаниите имаат за фасадери, столари, стаклари, електричари, покривачи на кровови, термоизолатори, инсталатери,  електромонтери и инсталатери на соларна енергија.

“Во секторот високоградба, неопходно е да се обучат најмалку 20% од работниците или 1.500 до 2.800 годишно“, рече денеска Ирена Мојсовска, координаторката на Build up Skills.

Спроведените анализи покажуваат дека објектите се најголеми потрошувачи на електрична енергија, односно за 36,13% треба да се намали потрошувачката.

Втората фаза од Build up skills предвидува до 2015 година да се спроведат пет типа обуки во градежниот сектор, обвивка на зграда, застаклување, кров, електрична инсталација, греење, вентилација и ладење.

Најпрво обуките ќе бидат за тренерите, кои потоа своето знаење и вештини ќе ги пренесат на градежните работници.

Проектот е на иницијатива на Европската унија, а ќе трае две години.