Вкуси го летото во Скопје: Прв летен фестивал на овошјето

23

vkusi-go-letoto

Под мотото Вкуси го летото, Дистрикт бар и ресторан организира Летен фестивал на овошјето кој ќе се одржува секоја сабота од 5-ти до 31-ви август.

Фестивалот е прв од ваков вид организиран кај нас, а истиот ќе се случува на летната тераса на Дистрикт, каде посетителите ќе имаат можност да вкусат најразновидни специјалитети во кои овошјето е главната состојка, но и повеќе видови летни коктели, освежителни пијалаци и десерти, стои во соопштението.

Свинско филе со кајсии, лосос со портокал или чизкејк со праска, апетисани и маслиново масло? Можеби за некого звучи невообичаено, но гурманите и хедонистите знаат дека за врвен вкус е неопходна добра имагинација. А токму имагинацијата е императивот на мајсторите од Дистрикт бар и ресторан кои својата исклучителна инспирација и експертиза ќе ја преточат во уникатно летно мени, специјално направено да ги задоволи сите вкусови.

На Летниот фестивал на овошјето нема да бидат запоставени ниту најмалите, за кои ќе се понуди креативно детско мени, неодоливо за нивната искрена љубопитност.

„Сакавме да понудиме сеопфатно мени инспирирано од овошјето, кое ќе биде атрактивно за сите генерации и сите вкусови, но пред сѐ еден уникатен настан, каков што посетителите немале прилика да видат. Во период на одмори, кога градот е практично празен, подготвивме интересна содржина во пријатна и опуштена атмосфера, каде нашите гости ќе можат да се разладат и да уживаат во специјалната овошна понуда“, изјави Питер Татар, главен готвач на Дистрикт бар и ресторан.

Летниот фестивал на овошјето ќе ги отвори своите врати од 12 до 18 часот за сите посетители, а ветува неповторливо искуство и вистинско уживање во долгите и топли летни денови.