Владата ќе поддржи 134 проекти за рурален развој

32

Дел од проектите кои ќе бидат финансирани во 72 општини преку владината Програма за рурален развој се: изградба на локална патна инфраструктура, мостови, водоводни и канализациски системи, изработка на урбанистички планови, патишта до излетнички места, реконструкција на селски улици.

Сe работи за највисока поддршка за локалната самоуправа, досега, преку која Владата ќе одвои 1,45 милијарди денари за вкупно 134 проекти.

“Сите 72 општини што аплицираа на јавниот повик, независно од политичката припадност на градоначалникот или етничката структура на населението, добија поддршка за еден, а некои и за два или три проекта колку што беше максималниот лимит”, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

Директорот на платежната агенција Тони Димовски информираше дека за прв пат проектите ќе бидат 100% финансирани, 20% од средствата авансно ќе се исплатат до крајот на годината, а останатите по реализација на проектите во 2014 и 2015 година.

Проектите се поделени во три мерки, подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традиционалните вредности.