
Фармацевтската компанија „Реплек АД Скопје“, преку Македонска берза, ја информираше јавноста за промена во сопственичката структура кај акционерите со значителни удели.
Kомпанијата објави дека акционерот Владимир Пецовски, кој поседува над 5% од вкупниот број акции, се стекнал со 4 нови акции.
Со оваа последна трансакција, тој сега поседува вкупно 16.575 акции, што претставува 6,39% од вкупниот број акции во компанијата.













