Влажни коловози и поситни одрони

34

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува поголема внимателност по клисурите и усеците, каде е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.

Патниот правец П-1103 Неготино-Радовиш, односно Неготино-Штип преку Лакавица мост бр. 9, преку реката Вардар, кој беше затворен за тешки товарни возила, поради деформација, оштетување на мостот, е целосно затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци и е пренасочен преку Криволак, односно патниот правец Неготино-Криволак-Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила.

На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа – осветлување сообраќајот се одвива по една коловозна лента, каде е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Демир-Капија-Смоквица поради преместувањето на осветлувањето во тунелот кај Демир-Капија, сообраќајот по потреба се одвива по една сообраќајна лента, за што е поставена соодветна сигнализација и семафорско решение.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март.