Влијанието на правната регулатива врз солвентноста на компаниите

13

Судиите од одделите за трговски спорови и стечај, претставници на стопанските комори, претставници на Нотарската комора, Комората на извршители и од Адвокатската комора, денеска ќе учествуваат на тркалезната маса Влијанието на правната регулатива врз солвентноста на компаниите.

Пред присутните ќе се обратат директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Анета Арнаудовска и Горан Лазаревски од Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСКП).

Според агендата, на тркалезната маса предвидени се три панели на кои ќе се дискутира за Законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, за Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација, за Законот за задолжница и за Законот за финансиска дисциплина.

Собирот е организиран од Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Проектот на УСАИД за јакнење на судството.