Во 2012 никнале над 1.400 дивоградби

17

kochani_panoramskaНа територијата Република Македонија во текот на 2012 година изградени се вкупно 1.403 бесправно регистрирани објекти, соопшти Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 215 објекти за домување, 208 доградби, надградби и адаптации, 148 деловни објекти, 163 гаражи, 215 огради, 13 скалила, 34 тераси, 48 летни тераси, 107 настрешници, 115 времени објекти и 137 помошни објекти.

Најголем број бесправно изградени објекти, 94,5% се во приватна сопственост.