Фото: Ekoplaza
Главниот град на Холандија, Амстердам, го доби првиот еко супермаркет без пластика. Станува збор за холандскиот синџир супермаркети Ekoplaza, пренесува Inhabitat.
Во рамките на овој супермаркет, корисниците ќе можат да избираат од повеќе од 700 производи без пластично пакување. Kомпанијата се надева дека ќе ги промовира производите во сите 74 локации каде што веќе имаат отворени маркети.
Ekoplaza пристигнува на пазарот во време кога глобалната загриженост во врска со загадувањето од пластиката е во пораст и кампањите ги повикуваат компаниите да ги исфрлат пластиките од употреба.
Според податоците пластичните пакувања во маркетите сочинуваат дури 40% од целокупната пластична амбалажа.