Во Амстердам се гради паркинг гаража под канал

29

parking

Фото: ZJA

Со цел да се обезбедат дополнителни паркинг места градските власти на Амстердам во квартот Де Пејп одобрија проект за изградба на гаража под постоечки канал. Паркинг гаражата Алберт Кауп е проект на архитектонската компанија ZJA и треба да смести 600 возила и 60 велосипеди. Со нејзината изградба, на уличното ниво ќе бидат отстранети 300 паркинг места со што ќе се отвори простор за пешаци, паркови и други јавни површни.

Вентилационите канали, патеките за излез во итен случај и останатата инфраструктура на подземната гаража кои ќе треба да се излегуваат над земјата максимално ќе се интегрираат во новата јавна површина.

Изградбата на гаражата чини 35 милиони евра и цената на паркирањето ќе биде иста како на улица. Планирано е да биде отворена во 2018 година.