Во БиХ најбарани ИТ експерти и фармацевти

22

Најновото истражување што за американскиот пазар го спроведоа CareerBuilder и Economic Modeling Specialists, а што го објави Форбс, покажа дека најбарани се програмерите. По програмерите, на листата најбарани се најдоа сметководители и ревизори, како и маркетинг истражувачи и аналитичари, чии просечни плати годишно се за една третина помали од оние на програмерите.

Иако ова истражување е спроведено за услови на американскиот пазар, неговите резултати се приближно релевантни и за пазарот во Босна и Херцеговина, пишува Бизнис.ба.

Најбарани професии на босанско-херцеговскиот пазар на труд се оние што се врзани со ИТ секторот, односно најпожелни се дипломирани инженери по информатика, електроника и телекомуникации. Исто така, во последните години е зголемена побарувачката за фармацевти, дипломирани градежни инженери и сметководители.