Во БиХ се произведува домашно виски

140

Кога ќе се спомене виски, едно од најпопуларните пијалаци, обично прво се помислува на Ирска, Шкотска, Америка… ретко кој би помислил дека Босна и Херцеговина има свое виски. И тоа што се произведува во пиварата и дестилерија Semizburg, пренесуваат тамошните медиуми.

“Не сум сретнал некој што мисли дека може да имаме наше виски. Сепак, вреди да се појасни дека вискито е ’ракија’ што е произведена од одредени состојки, користејќи одредена технологија, што вклучува чување во посебни бочви, во тек на одреден временски период“, вели Харис Пикњајац, сопственик на пиварата и дестилерија.

Тој стои зад првото виски произведено во БиХ под името Bos Taurus, чија изработка започнала пред три години. Во овој момент се произведува во две варијанти – Single malt и Rye malt.

Фото: Freepik