Во БиХ суспензија на лиценцата на осигурителна компанија, а во Бугарија одземена лиценца

43

Агенцијата за супервизија на осигурување на Босна и Херцеговина, ја суспензираше лиценцата за вршење осигурителни активности за автоодговорност на 60 денови на Аура осигурање Бања Лука. Се работи за осигурителната компанија којашто работи во делот на неживот и најголемата добивка од 90% ја прави токму во делот на осигурување од автоодговорност.

Лиценцата е одземена поради реакција на клиенти, а според Агенцијата за супервизија, целата постапка е спроведена токму поради заштита на клиентите и поради прекршување на прописите од страна на осигурителната компанија.

Најинтересно е што оваа осигурителна компанија е најбрзорастечка на пазарот во однос на раст на премијата и за 2018 година имала бруто полисирана премија речиси  девет милиони евра, што значи 28% повеќе во однос на 2017 година.

Во Бугарија деновиве е одземена лиценцата на друштвото за осигурување Еуроамерикан, поради сериозно прекршување на Кодексот за осигурување. Целата акција е покрената од страна на Комисијата за финансиски надзор во Бугарија. Осигурителната компанија со регистриран капитал од 2,6 милиони евра, доби забрана за потпишување нови договори наредните шест месеци.