Во бизнисот е клучно да се остане присебен

61

^86A931397E98D05D23EF24156A4CA08355B270C335E4168B2F^pimgpsh_fullsize_distr“Треба да тргнете и да сте подготвени да се движите на лизгава површина. Ако сакате да успеете во бизнисот, мора постојано да сте во движење, да патувате, да запознавате луѓе”, рече Михајло Костовски, основач на Енергосистем, на нетворкинг настанот на тема Лидерство и клучни прашања од претприемништвото што вчера се одржа во просториите на ЦЕЕД Македонија.

Според Мирче Чекреџи, еден од основачите на Fonko, лидер е човек со вродена харизма, човек со чувство за организација, со умешност да мотивира. За да бидеш лидер треба да си роден како таков.

Костовски и Чекреџи ги споделија своите приказни, многубројните предизвици со коишто се судриле додека го граделе и развивале својот бизнис. Тие говореа и за тоа зошто успешноста на семејниот бизнис значително се намалува откако ќе го преземе втората генерација на сопственици. Како што наведе господин Чекреџи, анализите покажуваат дека 40% од фамилијарните бизниси во Европа раководени од втората генерација успеваат, додека тој процент на Балканот е многу помал – 15%.

“Клучно во бизнисот е да се остане присебен, но сепак нештата треба да ја преминат границата на нормалното”, вели Костовски. “Aко сè е нормално, значи вие сте само еден човек од масата, не се истакнувате со ништо. Она што е потребно е една луда идеја и максимално користење на сопствените капацитети со отворен ум, без страв, без предрасуди.”

Според него секој човек треба да знае до каде сака да оди, а егоизмот понекогаш многу пречи во донесување на правилните одлуки. Но, желбата да се успее, да се биде подобар од останатите е голема и тоа нè влече напред, нè тера да сакаме сè повеќе и повеќе, а заборавме дека богатството може да биде и товар.