Во Будва престојуваат 4.500 туристи, најмногу од Албанија и Унгарија

136

Во Будва престојуваат околу 4.500 туристи, покажуваат податоците на локалната туристичка организација – ТОВ.  Организацијата соопшти дека, покрај домашните туристи, најголем број гости доаѓаат од Албанија, Унгарија, Украина, Босна и Херцеговина и Словенија.

Како резултат на корона кризата, бројот на туристи е намален и во другите црногорски градови.

Дарја Маровиќ од ПР-службата на ТОВ изјави дека скоро секоја туристичка дестинација се соочува со невидени предизвици, па затоа е тешко во овој момент да се зборува за задоволство од резултатите од туристичката сезона.

“Ние ја следиме епидемиолошката состојба на глобално ниво и отворањето на границите, пред сè во регионот, воспоставувањето воздушен сообраќај. Ние формираме очекувања во согласност со тоа и свесни сме дека ситуацијата се менува од ден на ден“, рече Маровиќ. Таа потсети дека е неблагодарно да се зборува за очекувањата до крајот на тековната летна сезона.

Инаку, околу 57.000 туристи престојуваа во Будва на крајот на јули минатата година, но, со оглед на планетарната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусot, сегашниот биланс не е неочекуван.

Фото: Facebook