Во Будва за првите седум месеци е остварен речиси половина од туристичкиот промет на Црна Гора

75

Дека во текот на оваа туристичка сезона беа постигнати многу подобри резултати отколку што се очекуваше на почетокот на годината, потврдуваат официјалните податоци на Заводот за статистика на Црна Гора – Монстат, кои се однесуваат на колективното сместување во Будва во текот на јули.

Во јули, речиси 77.000 гости престојуваа во хотелите во најважната туристичка дестинација во Црна Гора, што е за 12% повеќе отколку во истиот период во 2019 година, а беа реализирани повеќе од 400.000 ноќевања, што е речиси на ниво од пред две години.

“Одличните резултати постигнати во колективното сместување на нашата ривиера во текот на првите седум месеци од оваа година покажуваат дека Будва учествува во вкупниот туристички сообраќај на Црна Гора оваа година со 44% во бројот на пристигнувања, и дури 48% во вкупниот број ноќевања. Очекуваме дека официјалните податоци за август ќе бидат на слично ниво, и дека сите преелиминарни показатели, вклучувајќи ги и податоците од нашите информативни бироа, ќе покажат висок компаративен процент во споредба со 2019 година, “ истакна Маја Лијешевиќ, директор на Туристичката организација на општина Будва.

Според последните податоци на Туристичката организација на општина Будва, во овој град престојуваат околу 40.000 туристи, од кои повеќето се во приватно сместување – околу 28.000.

Најбројни гости на почетокот на септември се од Србија, Русија, Украина и Босна и Херцеговина.