Во Бурса околу 800 бизнисмени се запознаа со бенефитите од инвестирањето во Македонија

22

bursa-tours-turkey-green-bursa-ulu-camii-uludag-overseeМинистерот за економија Ваљон Сарачини, престојува во работна посета на Бурса, Турција, каде учествува на вториот по ред Меѓународен економски самит на балканските земји.
Министерот Сарачини пред министерите за економија од регионот и околу 800 бизнисмени ги презентираше економските можности за инвестирање во Македонија, ставајќи посебен акцент на поволната бизнис клима, реформите кои се спроведуваат за привлекување на странски инвестиции, технолошко-индустриските развојни зони, како и други поволности кои се нудат во Македонија.
“Република Македонија е привлечна за турските инвеститори пред се поради добрата геостратешка локација и близината до европскиот пазар, стабилната монетарна и макроекономска политика, како и поради традиционалната пријателска и културна соработка меѓу двете земји”, рече Сарачини.
Тој посочи дека најниските даноци во регионот, поволностите кои постојат во ТИРЗ, ниските производни трошоци, едуцираната работна сила, политиката за заштита на инвестициите се едни од главните причини зошто турските бизнисмени треба да инвестираат во Македонија.
Меѓу успешните турски компании кои веќе имаат инвестирано во Македонија, Сарачини ги спомена Рамстор, Зираат банка, ТАВ, кој стана концесионер на 20 години на македонските аеродроми, а за нивна модернизација планира да вложи 200 милиони евра. Потоа, Турската очна болница, која е една од најсовремените во регионот, Суташ, Лимак, а како последна и понова инвестиција ја наведе онаа на Џеваир холдинг, кој вложува во Македонија околу 200 милиони евра.
Сарачини исто така ги информираше присутните дека Македонија во Турција има три економски промотори и тоа во Истанбул, Измир и во Анкара.
Сарачини на крај истакна дека преку пазарат во Турција, на Македонија и се отвораат вратите и во пазарите кон други земји како Азербејџан, Казахстан, Узбекистан.
Самитот е во организација на РУМЕЛИСИАД, асоцијација на индустријалци од Турција, во соработка со градот Бурса, како и Стопанската комора на Бурса.
Бурса е град кој годишно извезува стоки во вредност од над 10 милијарди евра.