Во четврток и петок прскање против комарци

41

komarec-pixabay

Фото: Pixabay

Во четврток и петок од седум до 11 часот ќе се врши авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје, соопштуваат од Град Скопје.

Ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и непроточни водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

“Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите” соопштуваат од Град Скопје.