Во декември издадени 13,7% помалку одобренија за градба во споредба со истиот месец 2012

12

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013 се издадени 239 одобренија за градење што е за 13,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.548.401 илјади денари, што е за 14,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 195 или 81,6% се наменети за објекти од високоградба, 21 или 8,8% за објекти од нискоградба и 23, односно 9,6% за објекти за реконструкција.
Од вкупно 239 објекти, на 185, поточно 77,4% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 објекти или 22,6% инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 336 станови со вкупна корисна површина од 33.017 метри квадратни.