Во Европа за првпат купени повеќе електрични од дизел автомобили

8

По првпат во историјата, автомобили со електричен погон ги надминаа дизел верзиите кога станува збор за нови регистрации во еден месец на европскиот пазар.

Не е тајна дека побарувачката за некогаш исклучително популарните дизел агрегати значително опадна во последните години, пред сè поради забраните во голем број градови и држави за користење на такви возила на главните градски улици. Како што пренесува JATO Dynamics, во септември околу 25,1% од сите нови регистрирани автомобили во Европската унија биле од категоријата електрични. За дизел агрегатите од друга страна отпаѓаат 24,8%.

Само за споредба, пред околу десетина години возилата со дизел мотори држеа повеќе од половина од пазарот, а пак возилата напојувани од електрична енергија беа на ниво на статистичка грешка. Од тогаш е забележан раст кој експлодираше во последните две години, кога голем број автомобилски произведувачи дебитираа со своите популарни модели. Само за споредба, во септември се продадени дури 327.800 нови електрични автомобили, што е за дури 139% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Преземено од: Avtoplus.mk