Во февруари издадени 250 одобренија за градење, предвидена изградба на 440 станови

97

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2022 година се издадени 250 одобренија за градење, што е за 27.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 763 961 илјада денари, што е за 39.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 138 (55.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 29 (11.6 %) за објекти од нискоградба и 83 (33.2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 250 објекти, на 146 (58.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 104 (41.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 440 станови, со вкупна корисна површина од 40 405 м2.