Во февруари најмногу се купувало овошје, најмалку замрзнат зеленчук

32

orangeФото: Pixabay

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 5,3%, замрзнатите морски плодови за 1,1%, месото за 0,9%, другите преработки од месо за 0,8%, свежата и разладената риба за 0,4%, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук и безалкохолните пијалаци за 0,3%, пишува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 3,8%, течните горива за домаќинствата за 1,5%, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 1,4%, мебелот за домаќинствата за 1,2%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 0,8%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,6%, авионскиот превоз на патници, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,4%, текстилот за домаќинствата, малите електрични апарати, услугите за одржување на станот, резервните делови за сообраќајните средства, другите лични предмети за 0,3%, обувките, средствата за чистење и одржување на станот и информатичката опрема за 0,2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,9%, сувото овошје и јаткастите производи за 0,7%, другите прехранбени производи за 0,6%, другите пекарски производи, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,5%, другите преработки од риба и морските плодови, јајцата за 0,4%, оризот, млекото и јогуртот за 0,2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 2,8%, градините, растенијата и цвеќињата за 1,6%, цврстите горива за 1,1%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,9%, теписите и другите покривки за под, парамедицинските производи за 0,6%, облеката, стаклените садови, кујнискиот прибор и другата опрема за 0,5% и услугите за сместување за 0,3%.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2018 година, во споредба со февруари 2017 година, забележа пораст од 1,9%, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3,5%.