Во Хрватска од летово цените ќе се искажуваат во куни и во евра

119

Хрватска планира да го воведе еврото како своја валута во 2023 година, но конечната одлука на Советот на Европската унија за пристапување на Хрватска во еврозоната се очекува во јуни. Веќе ова лето цените во продавниците и рестораните и веб-продавниците треба да бидат истакнати и во куни и во евра.

„Истовремено, цените во куни ќе бидат повисоки, поизразени, а цените во евра ќе бидат напишани со помал фонт“, коментира за ХРТ, Томислав Крамариќ, член на Управниот одбор на Конзум.

Извршниот директор на одделот за готовина на HNB, Тихомир Мавричек, во изјава за ХРТ рече дека целта е да се воведе еврото на 1 јануари 2023 година и го појасни периодот на транзиција.

„Подготовките се веќе започнати, а една од мерките е да се погрижиме цените значително да не се зголемат. Планирано е најмалку шест месеци пред воведувањето да се воведе двојно искажување цени, со подготвителен период од околу триесет дена, кога сите бизниси и трговци ќе бидат подготвени за двојно искажување цени. Тоа е физички напорна работа, сè треба да се испечати и да се стави на производи и полици, вели Мавричек и додава дека ќе се истакне и курсната листа за да можат граѓаните да проверат дали цените се пресметани правилно.

Тихомир Мавричек посочува дека фиксниот курс ќе се утврдува непосредно пред одлуката на Советот на ЕУ за воведување на еврото, пренесува Индекс.