Во Истанбул отворен подводен тунел, за 15 минути од европскиот до азискиот дел

308

bosfor

Во Истанбул вчера се отвори подводниот тунел за автомобили Евроазија, што ги поврзува европскиот и азискиот дел од градот и има за цел да го намали сообраќајниот метеж во најнаселениот турски град, пишува Hurriyet.

tunel-skica

Вкупната должина на двокатниот тунел е 5,4 километри, од кои 3,34 километри се под море. Заедно со сообраќајниците што се приклучуваат, вкупната должина на Евроазија е 14,6 километри. Во најнискиот дел тунелот поминува на 106 метри под површината на Босфорот.

tunel-soobrakjniciСо новиот тунел времето за патување помеѓу двата дела од градот ќе се скрати од час и половина на само 15 минути, а исто така ќе се намали и емисијата на штетни гасови.

Проектот е изграден со помош на BOT (build-operate-transfer) модел, чија вредност е 1,2 милијарди долари. Околу 960 милиони се обезбедени преку меѓународни кредити, а преостанатиот износ го финансираа носителите на проектот Yapı Merkezi и SK E & K.

tunelexit

Според меѓународните стандарди, тунелот ќе може да се користи најмалку 127 години. Дизајниран е за лесни возила, а благодарение на современата технологија и методи на градба, нема да има ризик од земјотреси и цунами и ќе биде погоден за користење и при неповолни временски услови.

tunel2

Поради безбедносните карактеристики може да се користи и како засолниште. Автомобилите ќе плаќаат патарина од околу четири долари, а патничките комбиња шест долари. Секоја точка од тунелот ќе биде надгледувана 24 часа дневно и ќе се бележи брзината на движењето на возилата.

Во 2013 година беше пуштен во употреба железничкиот подводен тунел со должина од 13,6 километри под Босфор, што ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул.