Во јануари издадени 189 одобренија за градба, најмногу за згради

20

buildingФото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2018 се издадени 189 одобренија за градење, што е за 48,6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.412.194 илјади денари, што е за 54,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење експресен пат во Источниот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 (69,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 20 (10,6%) за објекти од нискоградба и 37 (19,6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 189 објекти, на 140 (74,1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 49 (25,9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 233 станови, со вкупна корисна површина од 24.943 м2.