Во јануари произведени 9,9% помалку електрична енергија

14

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 106.4.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, бележи опаѓање од 1,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 9,9%.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5%, Капитални производи за 9,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 40,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 13,3%.