Во јануари зголемен прометот на странските пазари за 18,3%

11

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 108.0.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2014, во однос на јануари 2013 година, бележи опаѓање од 19,2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 18,3%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, бележи опаѓање од 13,6%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,7%, Капитални производи за 61,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 19,8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9%.

Индексот на прометот во индустријата во јануари 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 105.1.