
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули 2025 година во однос на претходниот месец се намалени за 0.4 %, oбјави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење на камен за 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.8 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.
Во јули 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 4.1 %, а се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 5.1 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8.2 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1.9 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули 2025 година:
се намалени за 0.4 % во однос на претходниот месец
се зголемени за 4.9 % во однос на истиот месец од претходната година
Фото: Pexels












