Во Канада живеат најмногу високо образовани лица

27

Најголем број на жители кои имаат завршено високо образование живеат во Канада. Веднаш зад неа по бројност на високообразовани лица се наоѓаат Израел, Јапонија, САД и Нов Зеланд. Оваа информација беше објавена од страна на швајцарскиот весник Билан.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), состави листа на најобразовани нации која опфаќа вкупно 34 земји членки на истата организација, заедно со уште осум влијателни економии во светот.
Листата се базира на бројноста на високообразованите лица во однос на бројот на возрасни жители.

Канада е единствената земја во светот, во која 51% од возрасните поседуваат универзитетска диплома. Во 2002 овој процент бил за 11% помал.
Интересно е тоа што иако државата вложува во образованието 6,1% (БДП), што е помалку од просекот на земјите од ОЕЦД (6,3%), таа е единствена земја каде повеќе од половина население е со високо образование.

Израел, каде што процентот на факултетски образовани лица е 46%, се наоѓа на второто место на листата.